Фестивалот на музика од светот оваа година ќе се одржи по седми пат. Иако во прашање се само неколку години, страста кон музиката на тимот кој го предводи фестивалот ги води во амбициозни потфати.
Со богата музичка програма низ која поминале најквалитетни музички артисти од нашата земја афирмирајки го Македонското музичко богатсво, од година во година дел од фестивалот се најреномирани имиња од светската музичка сцена како Ричард Галијано, групата Баба Зула, Рабу Аки Калил и др, кои го разбрануваат интересот на македонската јавност. Како резултат на квалитетот на програмата фестивалот ја полни големата сала на НУ Центар за култура до максималниот капацитет од 870 седишта, оставајќи копнеж кај вистинските љубители на квалитетна музика за нердното издание на фестивалот.